Семејство од тексашкиот округ Џоунс доживеало многу непријатно искуство кода во ве-це шолјата пронашло ѕвечарка. Но, тука не запреле изненадувањата.
Нејтан Хокинс, сопственик на фирмата “Big County Snake Removal”, одговорил на повикот на тексашко семјство дека во тоалетот нашло ѕвечарка. Кога пристигнал, имал што да види.
Се изненадил кога видел мртва змија, но потоа му раскажале дека кога момчето ја пронашло змијата, мајката ја утепала со лопата. Нејтан претчувстввуал дека изнандувањата не завршуваат тука, па решил да ја пребара куќата.
Така во подрумот пронашол цело легло.
-Интуиција. Ако работите со змии толку долку колку што аботам јас, ќе знаете како се однесуваат, објаснува.
Во подрумот пронашол 13 змии во еден агол, а во друг дел на подрумот уште пет младенчиња. До крајот на пребарувањето фатил вкупно 24 змии.
Секако, Нејтан на Фејсбук го опишал настанот и советувал луѓето да не преземаат ништо сами, туку да се јават на стручни лица.
-Змиите се пуштени во пророда или донирани на локалните колеџи за проучување, истакнал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.