| четврток, 6 декември 2018 |

Малата милионерка која од бабин рецепт направи светски бизнис

Микаила Улмер има 12 години, а веќе е милионерка и знае се за бизнисот со пчели.

Исто така, таа е и јавен говорник, филантроп и сопственичка на компанијата „Јас и пчелите“ (Me & The Bees), која произведува лимонада.

Станува збор за пијалак што девојчето го создало од бабин рецепт што датира од 1940 година, а таа успеала од него да направи национален бизнис.

Откако освоила прва награда и 60 илјади долари во емисијата „Шарк тенк“ посветена на претставување нови производи, лимонадата на малата Микаила се наоѓа на рафтовите на 55 места од ланец супермаркети кој се занимава со продажба на органски производи.

– Работам после училиште и откако ќе ја завршам домашната задача, а за викендите и во текот на распустот сум посветена само на тоа – изјавила Микаила, пренесе српски „Курир“.

Се започнало кога Микаила имала 4 години, кога во текот на една седмица два пати била касната од пчела.

– Беше многу болно и почнав да се плашам од пчели – се присетило девојчето.

Mikaila-Ulmer

За да ја утеши, мајка и на Микаила, Деандра, ја убедила да направат мала пребарување по интернет и тогаш наишле на податокот дека пчелите во наредните денови можеби ќе ќе изумрат. На Микаила и станало жал за вредните инсекти, па одлучила да почне да прави лимонада со мед, наместо со шеќер и вештачки засладувачи. Во разговор со мајка си, сфатила дека тоа е здрав избор за луѓето, а воедно и пчелите може да се сочуваат од изумирање.

Микаила, освен што е многу вредна, таа е и хуама – донира дел од своите приходи од продажба за локални организации кои се залагаат за зачувување на пчелите.

mikailaulmerfamily2-750xx4928-2770-0-298

– Лани пчеларите изгубиле дури 40 отсто од своите кошници. Пчелите изумираат. Ако ги снема, на луѓето ќе им останат само четири години живот – предупредила Микаила.

Малата претприемачка денес патува и држи работилници на кои ги едуцира луѓето како да ги сочуваат пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top