Заканите од војни во Европа се постојани, особено на Балканот. Освен жариштето во Украина, имаме тензии во Босна, на Косово, во Србија и Македонија а Турција е веќе со децении во предводена состојба.
Една од водечките светски агенции за истражување на јавното мислење, Галуп интернешнел, спровела глобална анкета со прашање: дали сте подготвени да војувате и гинете за својата земја. Во истражувањето, помеѓу останатите, опфатени се и речиси сите европски држави меѓу кои и Македонија.
Во истражувањата не се опфатени некои типично тензични места и држави како Албанија, Хрватска и Црна Гора, но затоа ги има сите други.
Во Европа најподготвени за вооружена одбрана на својата земја се Турците и Финците. Според анкетите дури 74% од граѓаните на Финска (заканите ги гледаат од Русија) и 73% од Турците се подготвени за војна, да ја бранат својата земја и загинат за неа.
Над половина од населението, според Галуп интернешнел, е подготвено да се бори и војува за својата земја е во Украина со 62%, Русија со 59%, Косово 58%, Босна и Шведска со 55% подготвеност како и Грција со 54%.
Ратоборност покажале и во Полска со 47% подготвеност за војна, Србија со 46% и Литванија со 41%.
Дугите држави се помалку воинствени. Најпасивни се Белгија со 19%, Германија со 18% и Холандија каде само 15% од населението е подготвено да војува и гине за својата држава.
Од нашите соседи, освен спомнатите воинствени Србија, Косово и Грција, Бугарија не покажува подготвеност за војна, напротив, само 25% Бугари се спремни да војуваат.
Македонија е во долната средина. Според анкетите околу 38% македонски граѓани се изјасниле дека се подготвени да војуваат за својата држава. Кај нас ситуацијата е специфична, двоетничка, па така во анкетите се дадени вкупни резултати без можност да се види колку од анкетираните кои воено би ја бранеле Македонија се Македонци а колку Албанци, па останува само да претпоставиме за етничката подготвеност за борба за својата држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст