Со потпишувањето на Декларацијата за правата на Македонците во светот од страна на 11 претставници на македонски здуженија кои функционираат во соседните земји и дијапсората, и кои се залагаат за правата на Македонците во светот, а која произлезе од трибината на темата „Положбата на Македонците во соседните земји“, одржна во рамките на 15 Семакедонски собир на Македонците, организаторот – Гаѓанската иницијатива за национално, културно и духовно обединување на македонскиот народ (ГИНКДОМН), ги заокружи чествувањата по повод 145- тата годишнина од раѓањето на големиот македонски револуционер, Гоце Делчев.
Декларацијата како највисок акт на Семакедонскиот собир, се состои од 16 точки кои се однесуваат на правата и проблемите со кои се соочуваат Македонците во светот: проблемот со името, негирањето на македонската држава, нацијата, јазикот и културата, како и мешањето на странските држави во внатрешното уредување на земјата.
Оваа Декларација е прва од ваков вид и ќе биде доставена до Владата на РМ, до амбасадите на соседните земји и до земјите каде што живеат Македонци, како и до ООН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


