| четврток, 6 декември 2018 |

Русинка заработува така што со телото им го загрева креветот на мажите

Една девојка од Русија на слободните мажи им ги загрева креветите и така остварува дополнителни средства, пишува „Одити Сентер“.

Викторија Ивачјова (21) од Москва се грижи, мажите да не спијат во студени кревети, а своите услуги ги наплаќа по 82 долари за една ноќ.

Пред да оди да спие сопственикот, Викторија го грее неговиот кревет околу еден час.

– Јас тоа го работам за да можат луѓето да спијат поубаво и креветите им ги полнам со позитивна енергија, вели младата девојка, која веќе има десет клиенти, а откако нејзината приказна излезе во јавноста, верува дека ќе има многу повеќе.

Нејзината идеја планира да ја претвори во бизнис и да собере екипа од жени кои на клиентите ќе им го греат креветот.

Клиентот може и да разговара со неа.

– Јас ги слушам луѓето. На некои им е полесно да зборуваат за нивните проблеми со непознати лица, отколку со членовите на семејството. Но, кога ќе помине тој еден час, јас си заминувам. раскажува Викторија.

Таа на оваа идеја дошла откако ја прочитала книгата на Анатолиј Марингоф каде се опишува како Есенин плаќал жена да дојде гола во неговиот кревет и да го грее 15 минути, што му помогнало да добива инспирација.

– Барав на интернет, но не најдов ништо слично. Одлучив да бидам прва која ќе ги грее креветите во светот, заклучи „иноваторката“.

Меѓутоа, уште пред Викторија хотел во Лондон веќе почнал да нуди слична услуга. Лице во костум кој ја задржува топлината, лежи во креветите на гостите и ги загрева десет минути пред тие да легнат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top