„Осмели се, започни свој бизнис!“, е мотото на „Европската стартап недела“ што почнува денеска, а во која со активности се вклучува и Скопје заедно со уште 220 градови од 40 држави.
Главна цел е промовирање на претприемништвото и можностите кои се на располагање на сите оние кои имаат желба да започнат сопствен бизнис.
„Европската недела на стартапи“ ќе се одвива на повеќе локации во Скопје со секојдневни работилници и предавања.
Како дел од активностите Фондот за иновации и технолошки развој организира „Отворен ден“ за сите кои сакаат да дознаат како да добијат финансирање до 100.000 евра за нивниот бизнис. Тоа е согласно отворениот четврти јавен повик за финансирање предлог проекти со инструментите Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва стартап и спин-оф и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.
Европската стартап недела ќе трае до 10 февруари кога ќе се одржи завршна конференција во ЕУ Инфоцентар.
Во активностите се вклучени успешни претприемачи, иноватори, компании, институции и организации клучни за поддршка на новите стартап бизниси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст