| четврток, 6 декември 2018 |

Повлечен спорниот закон во Романија

Романската Влада попладнево на вонредна седница донесе одлука за повлекување на спорната одлука за измени на Кривичниот законик, со кои ќе се овозможеше амнестија на повеќе политичари и други лица осудени за корупција.

Владата на премиерот Сорин Гриндеану се реши на ваквиот потег по неколкудневните масовни протести во Букурешт и други романски градови против предложените измени со кои се предвидуваше декриминализација на многу случаи на корупција.

– Предлогот е повлечен, изјави претставник на Владата по завршувањето на седницита, најавувајќи дека наскоро ќе улседи и официјално соопштение за владината одлука.

Повелувањето на спорните измени Гриндеану ги најави уште вчера, додавајќи дека Владата се решила на таков потег затоа што „не сака да ја дели Романија“.

– Не сакам поделби. Романија не може да биде поделена. Романија сега изгледа како да е поделена на два, а можеби и на повеќе делови. Таквата ситуација е последното нешто што го посакувам, нагласи тој.

Гриндеану оцени дека сите аргументи во прилог на оваа одлука не биле „добро претставени во јавноста“. – Од таа причина и настана големата конфузија, а имаше и многу искривени толкувања, рече Гриндеану.

За тоа, како што наведе Гриндеану, Министерството и министерот за правда ќе сносат и ја сносат сета одговорност.

За следнава недела е закажана седница на Уставниот суд, на која ова највисоко судско тело во Романија требаше да се изјасни по уставноста на предложените измени на Кривичниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top