Италија овие денови протестира за убиството од одмазда кое го извршил Фабио Ди Лело. Тој со пиштол го убил Итало Д’Елисо, кој ја убил неговата сопруга, налетувајќи на неа со автомобил при непримерно возење во градот Васто.
Ди Лело претходно ја променил својата профилна фотографија на Фејсбук, ставајќи фотографија од Максимус, ликот кој го глуми Расел Кроу во филмот “Гладијатор” со цитат од филмот: “Јас сум татко на убиениот син, и сопруг на убиената жена, и ќе се одмаздам, во овој или во наредниот живот”.
Откако го убил Д’Елисо, Ди Лело се предал во полицијата. Неговата 33-годишна сопруга Роберта Смардиаси загинала минатата година откако на неа со автомобил налетал Д’Елисо. Ди Лело прво по убиството го ставил пиштолот на гробот на сопругата, а потоа бил уапсен на истото место.
-Немав поим дека подготвува ваква одмазда, бев многу изненаден кога дознав. Не знаев ни дека поседува огнено оружје, но неговата психичка состојба била многу лоша, изјавил адвокатот на Ди Лело.
Ди Лело моментално се наоѓа во притвор, а судењето за убиството би требало да започне во февруари, пишува Дејли Меил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст