Некои стари песни кои сите ги потпевнуваат секогаш ќе се паметат, инспирираните од животот на луѓето кои ги напишале и отпеале.
Индекси – Bacila je sve niz rijeku
Оваа славна балада говори за големата љубов на фронтменот Даворин Поповиќ кон јавноста и непознато девојче од Сараево. Нивната љубовна врска била сериозна, но се случило дете кое не го планирале. Девојката тогаш наводно потфрлила и исчезнала од неговиот живот. Автор на музиката е Фадил Реџиќ, а стиховите се на Кемал Монтено.
Прљаво казалиште: Tu noć kad se se udavala
Според приказната, Јасенко од славниот бенд имал девојка која многу ја сакал. Бидејќи морал да отслужи воен рок, ја прашал дали сака да му биде верна и да го сочека, на што таа позитивно одговорила. Но, откако се вратил, неговата драга не го чекала, туку веќе се подготвувала за свадба, но со друг.
Борис Новковиќ: Тамаra
Кој оваа песна ја испеал инспириран од животот на својот најдобар пријател кој се разделил од својата голема љубов, Тамара. Според зборовите на самиот пејач, вистинската Тамара се препознала во песната и недолго по нејзиното издавања, на телефонската секретарка ја слушнал нејзината порака, во која му се заблагодарила што и ја посветил песната.
Здравко Чолиќ: Ona spava
Оваа песна наводно ја опишува трагедијата која се случила во 1974 година, кога девојката Милица Костиќ се фрлила од 11 кат за да побегне од пет насилници кои сакале да ја силуваат. Таму еден познаник ја донел преку измама, за да наводно да ја повика неговата девојка која има строги родителите, за да излезе надвор, правејќи му на тој начин услуга. Откако сватила кои им се намерите, ги проколнувала да не ја допираат, обидувајќи се да им ја разбуди советста. Не сакале да запрат, поради што фрлањето низ прозор се чинело како единствена опција – за да ја одбрани својата чест. Текстот е дело на Црногорецот Велизар Шофранц, а по големата трагедија, таму се организирани и демонстрации затоа што целиот случај ја шокираше јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


