Турската полиција уапси двајца македонски државјани, кои живееле во Германија, под сомнеж дека се припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД), објави германскиот весник „Велт“.
Весникот посочува дека осомничените џихадисти биле уапсени во Турција додека барале хирург, кај кој планирале да се подложат на пластична операција за промена на личниот изглед и за трансполантација на коса, со цел незабележани да ги минат граничните контроли.
Според „Велт“, лицата Аднан С., кој живеел во Бремен, и Зулхајрат С. од Хамбург, во Турција допатувале од Сирија.
Весникот повикувајќи се на извори во германската полиција додава дека дозволите на двајцата осомничени терористи за престој во Германија им биле истечени и тие не можеле легално да се вратат во земјата, бидејќи не поседувале германско државјанство, туку само македонско.
Германската полиција се обидува да дознае дали уапсените џихадисти имале за цел да допатуваат во некоја европска земја и таму да извршат терористички напади. Германската Федерална криминалистичка служба дури формирала посебна истражна група, која била задолжена да го испита овој случај, наведува весникот.
„Велт“ посочува дека засега нема докази дека осомничените планирале да извршат напади во Европа, додавајќи оти е можно тие да ја напуштиле ИД, поради што и побегнале од Сирија.
Германската полиција верува дека Аднан С. бил близок со Хари С., кој минатата година во Хамбург беше осуден на три години затвор поради членство во исламистичка терористичка група. Аднан С. и Хари С. се појавуваат во едно пропагандно видео на ИД во кое е прикажано убиство на двајца војници, за кои се претпоставува дека се припадници на сириската Армија. Тие во видеото носат знаме и транспартент на ИД.
Според информациите на „Велт“ македонските власти веќе побарале од Турција да ги екстрадира двајцата уапсени во Македонија, со цел да им се суди за членство во ИД
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст