Викенд свратилиште за поголем број скопјани, гордост на градот и прибежиште за сите спортско-рекреативни подкатегории. Извишен на највисоката точка од Водно си пркоси еден од најубавите планинарски домови во Р.Македонија, со неговата цилиндрична форма, култова содржина и дух стекнат по долгогодишната служба во име на скопјани и на сите оние што стапнале на неговиот праг.
Ако не сте го пиеле славниот чај во планинарскиот дом „Даре Џамбаз” (1060 м.н.в) а местото на живеење во личната карта ви е Скопје, тогаш треба да се подразмислите за името во графата. Прекрасен видокруг, вистинско плодење на погледите, бои и хоризонти зачинети со пријатен разговор со пријатели и познаници.
Тоа што е интересно е дека за сите планинари и авантуристи, планинарскиот дом нуди преноќување за само 300 денари на врвот на Водно. Капацитетот на домот е 35 кревети и нуди авантура и спомени кои долго се паметат.
За планинарите домот е отворен од петок навечер до недела навечер, кога дежураат членови од планинарското друштво – „Бистра“ кое и управува со домот. Инаку има постојан чувар кој може да обезбеди пристап во домот и сместување по потреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст