| четврток, 6 декември 2018 |

Во животот можеме да се заљубиме само во тројца луѓе

Верувате ли во приказните дека секој од нас вистински се заљубува три пати во животот и дека од тие љубови не може да избега?

Секоја љубов, кога и да се случи, различно делува на нас.

Првата љубов се случува во младоста, можеби уште додека сме деца, во основно или средно училиште. И наликува на љубов од бајките.

Кога влегуваме во оваа љубов, веруваме дека таа ќе биде засекогаш. И иако за некои двојки е така, за повеќето таа останува само љубов од средношколските денови.

Втората љубов најчесто е тешка – таа нè учи на животни лекции кои не сме ги знаеле претходно – за тоа кои сме, што сакаме и што ни треба за да сме сакани. Оваа љубов обично боли, минува низ лаги и манипулации.

Веруваме дека правиме поинакви избори отколку првиот пат, ама во реалноста, со секоја љубов правиме избор за да совладаме некоја важна лекција.

И понекогаш оваа љубов завршува тажно, болно, трагично и ни треба време да ја преболиме.

Третата љубов се појавува неочекувано. Таа најчесто ни делува погрешно и го уништува секој идеал за тоа каква, всушност, би требала да е љубовта.

Ама таа ни се прикрадува толку лесно, што не можеме да ѝ побегнеме. Врската не можеме да ја опишеме со зборови, бидејќи чувствата се пресилни.

Третиот пат, оној пат кога најмалку очекуваме, токму тогаш ја наоѓаме вистинската личност за нас, некој што нè прифаќа такви какви што сме, кој нè сака заради нас самите.

Оваа љубов е вистинската љубов. Неа треба да ја чуваме. Ако не е ваква, тогаш сè уште не сте стигнале до својата трета љубов.

извор: hybread.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top