| четврток, 6 декември 2018 |

Тајната на косата на Трамп е во овој лек

Американскиот лекар Харолд Борнстајн за весникот „Њујорк Тајмс“ изјави дека тајната на косата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, е во лекот за простата што тој го користи.

Трамп (70) подолго време го употребува лекот „Финастерид“, чија функција е да го спречува растењето и зголемувањето на простатата, но лекот како нусефект го има потикнувањето на растењето на косата.

Борнстајн тврди дека косата на претседателот Трамп е природна и негова и дека тоа се однесува и на нејзината боја.

Сето тоа е овозможено благодарејќи на малите дози од овој специјален антиген, што во основа треба да ја држи под контрола големината на простатата.

Борнстајн е долгогодишен личен лекар на Трамп. Тој и самиот го користи истиот лек, па за весникот вели дека затоа ја „има зачувано својата коса“.

Весникот пишува дека прашањето за косaта на Трамп и за нејзината боја од поодамна е присутно во американската јавност, а одново се покрена откако овој њујоршки милијардер одлучи да стане политичар.

Американците од секогаш ги интересирало на кој начин и покрај својата возраст, Трамп ја има зачувано косата, забележува „Њујрк Тајмс“, потсетувајќи дека многумина во САД веруваат дека за таква боја на косата, каква што има новиот претседател, веројатно користи некоја боја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top