| четврток, 6 декември 2018 |

Стив Бенон: Одиме во војна со Кина

Доколку се претворат во реалност предвидувањата на главниот стратег на Белата куќа, нов светски судир е неизбежен во наредните 10 години.

stiv-banon-kina-sad-vojna-06
САД и Кина ќе завојуваат во наредните 10 години околу островите во Јужното кинеско море и “воопшто нема сомнеж околу тоа”. Истовремено, САД ќе влезе во уште една голема војна на Блискиот исток. Такви барем биле размислувањата пред девет месеци на Стив Банон, кој е главен стратег во Белата куќа и еден од најмоќните луѓе во администрацијата на Трамп, пренесува Guaridan.

Во првите седмици од мандатот на Трамп, Банон напредувал до централен човек во неговата администрација. Ги вмешал и прстите во регулативата на Трамп за забрана на влез на муслимани од седум држави во САД.

stiv benon i tramp

Банон, додека го водел порталот Breitbart јасно ги дефинирал двете најголеми закани на САД: Кина и исламот. “Одиме во војна со Кина за пет до десет години. Во тоа нема никаков сомнеж. Тие ги земаат своите острови и од нив во основа прават неподвижни носачи на авиони и поставуваат ракети”, велел Банон во 2016-тата година.

stiv benon tramp

Кина тврди дека речиси целото подрачје на Јужното кинеско море припаѓа на нејзината територија, додека неколку околни држави имаат свое гледање за истата територија, кое се поклопува со кинеското. Кина поради тоа во последно време изградила низа вештачки острови и гребени, во обид да ја утврди својата позиција и да направи авионски писти и да инсталира противвоздушна одбрана.

Банон смета дека кинеската политика е арогантна, исто како што смета и за исламот.

stiv-banon-kina-sad-vojna-05

“Имате експанзионистички ислам и имате експанзионистичка Кина. Океј? Тие се мотивирани. Тие се арогантни. Тие се во марш и мислат дека христијанскиот запад се повлекува”, рекол Банон во 2016-тата година.

stiv-banon-kina-sad-vojna-03

Банон верува дека христијанството ширум светот е во опасност, па дури и од Кинезите. “Единствено нешто од кое Кинезите се плашат е христијанството”, смета Банон.

stiv-banon-kina-sad-vojna-02

Банон исламот го смета за најрадикална вера во светот, и не губел време во воведувањето на непријателска политика кон муслиманите кога влегол во Белата куќа. Централната доктрина на Трамп некои уште и ја нарекуваат “војна против исламот”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top