| четврток, 6 декември 2018 |

Отворете очи ако патувате, магла на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб дожд врне во Маврово, Дебар и на планинскиот превој Буково. Магла со видливост од 50 метри има на патниот правец Велес – Штип и Струмица – Ново Село, додека видливост околу 100 метри има во Куманово, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Кочани и Демир Капија.

Поради штрајк на грчките земјоделци на граничниот премин Еврозни од 30 јануари 2017 година сообраќајот не функционира во двата правци.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top