Нашиот Устав е апсурден од почеток. Нашиот Устав беше нарачан од Киро Глигоров и се измисли специјален термин кој го нема нигде во теоријата – дека ние не сме ни парламентарна демократија ни претседателска демократија, ами ако се сеќавате полупретседателска демократија, потенцира Љубиша Георгивски во емисијата „Ѕид“ на Алфа TВ, каде гостуваше заедно со Дарко Јаневски од дневниот весник „Дневник“.
– Ние се сеќаваме во 1992 година како е направена Експертската влада. Таа е направена така што Киро Глигоров како претседател не сакаше да го даде мандатот на првата партија, на ВМРО-ДПМНЕ. Втората го врати, се сеќаваме Гошев го врати, истакна Георгиевски.
Дарко Јаневски на тоа се надоврза:
– Ако се сеќавате, Глигоров тогаш доби 4 предлога за премиер, па рече мене не ми се допаѓаат. Значи, му даваат четири имиња, а претседателот си седи и си бира, и тогаш тоа беше во ред. И вели не ми се допаѓа мене никој од овие. Дајте друго дете.
Осврнувајќи се на денешната ситуација, Јаневски надополни:
– Ако не формира влада првиот, тогаш на вториот. Каква пракса е тоа? Каде? Ситуацијата сега е далеку поцивилизирана, далеку посовремена и поблиска до еден соврмен уставен систем отколку што беше при формирање на Експертската влада, кога овој седеше горе и вика: Ова ми се допаѓа, ова не ми се допаѓа, вие сте вакви, такви, небањати, никакви…
Георгиевски и Јаневски во емисијата дебатираа за моменталната политичка ситуација во Македонија и одлуката на претседателот Иванов да побара од партиите да соберат гласови за да го додели мандатот на оној кој ќе успее да обезбеди поддршка од 61 пратеник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Третиот нацрт-амандман пред Комисијата за уставни прашања
-
И заветот на Глигоров погазен: Јазикот и нацијата не гибајте ги
-
Села ќе бара интервенции во Уставот: Во пасошите да стои Албанци/граѓани на Северна Македонија
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“