| четврток, 6 декември 2018 |

Нова сезона на квизот „Арена“

Од оваа недела, на 5 февруари, започнува втората сезона на „Арена“, популарниот квиз кој привлече огромен број на гледачи. За возбудата да биде уште поголема во новата сезона, „Арена“ вклучува иновативни методи и нови игри за уште поголем предизвик за натпреварувачите.

Квизот, кој започна минатата година е во македонска продукција, предводен од Димитар Атанасовски, а емитуван на „Алфа телевизија“.

Новата сезона на квизот „Арена“ ќе биде освежена со нови и уште поинтересни содржини. Игрите кои ќе доведат до уште позабавни моменти се третата по ред игра „Биди детектив“ и шестата игра „Лицитација“. Во „Биди детектив“ Атанасовски ќе раскажува мистериозни ситуации и ќе го поставува клучното прашање за решавање на истите. Целта е да се реши мистеријата и тој што ќе го даде точниот одговор ќе добие најмногу поени. Играта „Лицитација“ е од покласичен карактер каде натпреварувачите ќе ги вложуваат своите поени за да добијат уште повеќе.

Терминот на квизот останува ист – секоја недела во 21 часот на „Алфа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top