Според последната студија спроведена од сајт за запознавање, одговорите на 6.000 мажи и жени покажале дека мажите многу почесто стапуваат во брак само за да „поминат на редот“ и да ја имаат сигурноста што ја нуди семејниот живот, односно мажите се склони да склучат брак со човек во кого не се вљубени.
Голем процент од мажите признаваат дека би стапиле во брак со партнерка што има сè, што тие сметаат дека треба да има една жена и покрај тоа што не се вљубени во неа. Од друга страна, жените не се склони на такви компромиси и само мал дел од нив би се согласиле на ваков брак.
Некои мажи отишле и подалеку, признавајќи дека би се ожениле дури и за жена што не ги привлекува сексуално. Замислете дури 40 проценти од мажите изјавиле дека се во состојба да го кажат судбоносното „да“ на жена кон која немаат никакво сексуално привлекување.
Изненадуваат резултатите, кои покажуваат дека мажите се во состојба да се обидат да засакаат жена кон која немаат никакви чувства, но пак ги исполнува критериумите на општественото мислење како и тие на неговото семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст