| четврток, 6 декември 2018 |

Нема нови случаи на птичји грип

Состојбата во струшкото село Мороиште е мирна и будно се следи. До овој момент, сите земени брисеви за утврдување птичји грип се негативни, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.

Денеска, информира Поповски, се врши мониторинг во Мороишта и околните села во радиус од три километри. За овие пет дена вирусот не е проширен, но не може да се каже дека е исклучено болеста да се појави на друго место зашто се шири и преку дивите птици.

-Во акцијата за сузбивање на птичјиот грип детектиран на 27 јануари, за пет дена се нештетно уништени вкупно 1.950 единки живина, кокошки, гулаби, гуски,…кои потоа беа однесени на депонијата во Струга. Уништувањето се вршеше согласно европските стандарди, а го спроведоа 56 лица во тимови од по тројца, ветеринари и експерти од ветеринарните друштва. Вклучени беа и екипи на МВР, Центарот за управување со кризи и локалната самоуправа, истакна Поповски на прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top