Момчето, кое беше прогонето од своето семејство поради „вештерство“ и спасено од хуманитарката Ања Рингрен Ловен, тргна на училиште.
Пред првиот училиштен ден, Ловен ја обнови виралната фотографија на која му дава вода на прегладнетото детенце. Но, за разлика од пред една година, на новата фотографија Хоуп е среќно 3-годишно момче со здрава тежина.
-На 30 јануари 2016 година, тргнав на мисија… На спасувачка мисија која стана вирална. Денес, навршува точно една година откако светот го запозна малото момченце наречено Хоуп. Оваа недела Хоуп ќе тргне на училиште – напиша Ловен на Фејсбук во понеделникот.
Малото детенце беше спасено од инспиративната Данка на почетокот од минатата година. Тоа беше оставено да гладува на улица, бидејќи неговото семејство верувало дека е вештер.
-Денот кога првпат го носев ова слатко мало момче во моите раце, бев сигурна дека нема да преживее. Секое вдишување беше битка за него и не сакав да умре без име, без достоинство, па го крстив Хоуп (Надеж).
-Надеж за мене е специјално име. Не само значењето на Надеж, но и тоа што го претставува. Пред многу години си го истетовирав името НАДЕЖ на моите прсти заради тоа што за мене значи: Помагај ѝ на една личност секој ден – напиша Ања лани.
Хуманата жена постојано објавува фотографии од децата за кои се грижи во Африка, меѓу кои е и Хоуп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)