„Париз, те сакам“ е насловот на концертот на Македонската филхармонија која на 14 февруари, по повод Денот на вљубените, ќе го одржи во Македонската опера и балет (МОБ). Како што денеска беше најавено, на концертот ќе бидат изведени популарни француски шансони кои ги испеале Едит Пјаф, Ив Монтан, Жо Дасин, Мишел Легранд.
Како вокалист на концертот ќе настапи популарната унгарска пејачка Миртил, диригент на концертот е Борјан Цанев, оркестрациите се на Емин Џијан, а режијата е на Дејан Прошев. Концертот е замислен така што на сцената поезија од францускиот поет Жак Превер ќе чита актерот Васил Зафирчев.
– Миртил е многу позната во Европа и во светот, многу е интересна како вокал и начинот на кој интерпретира. Мислам дека прекрасно ќе се вклопи заедно со оркестарот во интерпетација на француската музика – изјави Маја Чанаќевиќ, директорка на Македонска филхармонија.
Диригентот Цанев за концертот на Денот на вљубените изрази уверување дека аранжманите на Џијан ќе бидат одлични.
Џијан рече дека како оркестратор ја избрал Македонската филхармонија во целосен состав.
– Ќе има бенд кој ќе биде составен од Благоја Перуновски на хармоника, Иван Бејков на бас, Зоран Костадиновски на гитара, јас во улога на пијанист и Мартин Вучиќ на тапани. Нѐ очекува убав концерт со убави мелодии – речен Џијан.
Чаначевиќ на прес-конференцијата посочи дека годинава ја почнале со спектакуларен божикен концерт во Македонската опера и балет на кој настапил светски познатиот виолинист Џулијан Рахлин.
– Тој беше пресреќен што по неколку години повторно е во Македонија. Таа соработка ќе ја продолжиме и во иднина бидејќи се работи за звучно име на полето на класичната музика. Соработката со него е многу значајна не само за нашиот оркестар туку и за промоција на нашата држава и македонската култура – рече Чанаќевиќ.
Филхармонија ќе продолжи да носи врвни музички имиња и диригенти од целиот свет и да поставува музички композиции кои првпат ќе бидат изведени во Македонија или пак композиции кои се комплексни за изведба и не може често да бидат на репертоарот на еден симфониски оркестар.
– Во текот на годинава љубителите на класичната музика ќе имаат можност да видат врвни уметници од целиот свет. На 9 март по повод 8 март ќе имаме можност да ја видиме светски познатата саксофонистка Еми Диксон, потоа следат концертите на Иштван Вардаи на виолончело, Нинг Фенг на виолина, како и настапите на диригентот Даниел Рајскин, виолинистот Никита Борисо-Глебски…како и настапите на македонските уметници Сихана Бадивуку на виолина, сопранистката Милена Арсовска и многу други – рече Чанаќевиќ.
Чаначевиќ истакна дека најмногу ги радува влегувањето во новиот објект напролет кој е граден по сите светски критериуми.
– Освен новата концертна сала, ќе бидеме збогатени и со голем број музички инстументи кои ќе придонесат за уште подобар квалитет и поубав звук на нашиот оркестар – додаде директортката на Македонската филхармонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст