Индијана Џонс не би преживеал нуклеарна експлозија, скриен во фрижидер, категорични се британските научници. Според нив херојот на Харисон Форд од истоимената серија филмови ќе умре од зрачење со гама зраци, бидејќи апаратот за домаќинство не може да го заштити од смртоносната радијација при експлозијата.
Во една од најимпресивните сцени на филмот “Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп” херојот на Форд паѓа на нуклеарен полигон и ја преживува експлозијата, скриен во фрижидер.
Според авторот на студијата Сидак Синг Рент од Универзитетот во Лестер и неговите колеги, токму оваа сцена била една од најпознатите бурно зборувани во научните кругови, бидејќи дел од експертите сметаат дека Инди требало да умре од радијација, а според други оловната обвивка на стариот апарат за домаќинство би можела да го спаси.
Рент и неговите колеги решиле да го проверат тоа. Тие ја пресметале минималната дебелина на оловниот слој, потребен да го заштити Индијана Џонс. Како модел за нуклеарна експлозија научниците користеле експеримент со атомска бомба од 1957 година, наречен “Операција чиста”, во рамките на која во пустината Невада, во близина на местото каде што се развива дејството во филмот, американски воени лица пуштаат 29 нуклеарни муниции, чија максимална моќност е еднаква на 74 килотони ТНТ.
Според податоците на Рент слични бомби го бомбардираат фрижидерот со гама зраци, чија вкупна енергија претставува меѓу 360 000 и 600 000 џули. Тоа е малку, со оглед на тоа дека 99,99999602% од радијацијата на бомбата ќе се растера во воздухот околу.
Според научниците човек не може да прифати повеќе од 75 џули гама зраци. За да биде заштитен од енергијата на овие зрачења фрижидерот на Џонс треба да има меѓу 4,6- и 6,83-сантиметарски слој од олово. Присуството на таква покриеност сепак е невозможно кај фрижидер од 50-те, каков што е употребен во филмот. За оваа причина, во реалниот живот Инди би починал побрзо од радијација бидејќи типичен американски фрижидер со оловна покриеност не би му бил доволен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.