До понеделник наутро по котлините ќе има појава на магла и намалена видливост поради која понекаде дневната температура ќе остане пониска и тоа само до неколку степени над нулата. На повисоките места ќе биде по малку ветровито, но со покачена дневна температура.
Од понеделник попладне од југозапад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се поинтензивни во ноќта и во вторник претпладне. Од вторник попладне ќе почне да дува и северен ветер, а врнежите, кои веќе ќе завршуваат на запад и на север, ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините.
За време на викендот на југоисток и понекаде и на повисоките места температурата ќе надминува 10 степени. Оваа релативна висока дневна температура ќе се задржи до понеделник и ова ќе е период на позначајно топење на снегот, а со тоа и нивото на водостојот во реките и на езерата се очекува да се зголеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст