| четврток, 6 декември 2018 |

Широка коалиција за промена на името

Из­ја­ви­те што во рок од не­кол­ку де­на при­стиг­наа од раз­лич­ни стран­ски цен­три и дип­ло­мат­ски прет­став­ни­ци, на кои без ни­ка­ков по­вод се на­до­вр­за грч­ки­от пре­ми­ер Але­ксис Ци­прас, по­втор­но ги вра­ти­ја ста­ри­те при­каз­ни за ко­ор­ди­ни­ран при­ти­сок врз Ма­ке­до­ни­ја за ме­ну­ва­ње на име­то спро­тив­но на ин­те­ре­си­те на ма­ке­дон­ски­от на­род. Иа­ко по­стои те­о­рет­ска мож­ност из­ја­ва­та на Ци­прас да не е пре­диз­ви­ка­на од ни­што, ту­ку са­мо да е дел од пре­диз­бор­на­та грч­ка по­ли­тич­ка би­тка во ко­ја грч­ки­те ли­де­ри се нат­пре­ва­ру­ва­ат кој е по­ра­ди­ка­лен во од­нос на Ма­ке­до­ни­ја, ре­ал­но е де­ка по­втор­но на мар­ги­ни­те на ме­ѓу­на­род­ни­те од­но­си Бри­сел, Ати­на, Ва­шин­гтон и Бер­лин се оби­ду­ва­ат да нај­дат ре­ше­ние за би­ла­те­рал­ни­от спор ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја. Опас­но­ста е уште по­го­ле­ма за­тоа што се на­о­ѓа­ме во си­ту­а­ци­ја ко­га Ма­ке­до­ни­ја не­ма вла­да, а ма­ке­дон­ски­те по­ли­тич­ки пар­тии, осо­бе­но ВМРО–ДПМНЕ, се на­о­ѓа­ат во де­ли­кат­на си­ту­а­ци­ја со­о­че­ни со ра­ди­кал­ни­те ба­ра­ња на ал­бан­ски­те пар­тии, на кои иа­ко јав­но се со­ли­да­ри­зи­ра­ат со ма­ке­дон­ски­те ин­те­ре­си, око не­ма да им треп­не ако дој­дат во си­ту­а­ци­ја да ре­ша­ва­ат за ме­ну­ва­ње на устав­но­то име.

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца е за­ин­те­ре­си­ра­на за ста­бил­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја и во тој кон­текст те­о­рет­ски мо­же да се разг­ле­да неј­зи­но­то ба­ра­ње за фор­ми­ра­ње го­ле­ма ко­а­ли­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја. На ба­ра­ње­то на раз­лич­ни европ­ски и би­ла­те­рал­ни ин­стан­ци за вла­да ко­ја би ги со­бра­ла си­те ре­ле­вант­ни по­ли­тич­ки пар­тии во Ма­ке­до­ни­ја мо­же да се гле­да и по­зи­тив­но, но при­тоа не смее да се иск­лу­чи ва­ри­јан­та­та во ко­ја ши­ро­ка ко­а­ли­ци­ја се ба­ра со дру­га цел.

Во ни­ту ед­но сце­на­рио не смее да се иск­лу­чи де­ка на ЕУ и на САД во го­ди­ни­те што прет­сто­јат, во кои има шан­са за по­ми­ру­ва­ње ме­ѓу Ру­си­ја и Аме­ри­ка, но има и про­стор за на­та­мош­но ра­ди­ка­ли­зи­ра­ње на си­ту­а­ци­ја­та ме­ѓу Ва­шин­гтон и Мос­ква, им од­го­ва­ра да се за­тво­ри ма­ке­дон­ско-грч­ки­от спор за име­то и да се бе­то­ни­ра­ат евро­ат­лан­ски­те гра­ни­ци во ју­го­и­сточ­на Евро­па. Со тоа Ва­шин­гтон и Бри­сел ќе има­ат ед­на не­врал­гич­на точ­ка по­мал­ку до­кол­ку дој­де до пре­го­во­ри за ид­ни­те сфе­ри на вли­ја­ни­ја во све­тот. Со за­тво­рен спор со Гр­ци­ја мо­же да се оче­ку­ва Ма­ке­до­ни­ја бр­зо, со по­ли­тич­ка од­лу­ка ба­зи­ра­на на ге­о­стра­те­шки ин­те­ре­си, да вле­зе во НА­ТО и во ЕУ и со тоа Ру­си­ја да до­бие по­мал про­стор за ма­не­вар и пе­не­тра­ци­ја на Бал­ка­нот, не­што што не­о­дам­на го нај­а­ви и ру­ски­от пре­тсе­да­тел Пу­тин.

От­та­му раз­бир­ли­ва и ло­гич­на е те­за­та де­ка ЕУ и САД ин­си­сти­ра­ат на фор­ми­ра­ње ши­ро­ка ко­а­ли­ци­ја со вла­да ко­ја ќе има про­стор за до­не­су­ва­ње круп­ни од­лу­ки, ме­ѓу нив и ме­ну­ва­ње на устав­но­то име. За нив, но и за си­те оние што мис­лат де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе не­ма го­ле­ма ште­та ако се сог­ла­си на не­ка­ква ве­штач­ка ко­ва­ни­ца од ти­пот „Се­вер­на Ре­пуб­ли­ка“ или „Гор­на Ре­пуб­ли­ка“, ка­де што гра­ѓа­ни­те ќе збо­ру­ва­ат не­кој нов ја­зик, е нај­до­бро во таа вла­да да би­де и ВМРО-ДПМНЕ, осо­бе­но ако пар­ти­ја­та ја за­гу­би сво­ја­та моќ со ко­ја ед­на де­це­ни­ја се опи­ра на при­ти­со­ци­те за про­ме­на на име­то.

 

По­ли­ти­ча­ри­те да бе­рат ум, кри­за­та не е али­би за на­ци­о­нал­но пре­дав­ство

Ба­ра­ње­то за го­ле­ма ко­а­ли­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја од стран­ски цен­три, ка­ко, на при­мер, Лон­дон, ка­де што по­ле­ка гас­не европ­ска­та иде­ја на Жан Мо­не, уште по­ве­ќе ни ги про­ши­ру­ва ви­ди­ци­те зо­што е по­треб­но во вла­да­та да учес­тву­ва­ат си­те пар­тии. Та­ка, сме­та­ат стран­ски­те фа­кто­ри, мно­гу по­лес­но ќе се отфр­ли иде­ја­та за ре­фе­рен­дум за име­то кое е об­је­ктив­на преч­ка за на­ме­ри­те на го­ле­ми­те си­ли по кратка постапка да го про­ме­нат ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет.

Тие мис­лат де­ка со го­ле­ма ко­а­ли­ци­ја и за­ед­нич­ка од­лу­ка на си­те пар­тии, без да се одр­жи ре­фе­рен­дум, Ма­ке­дон­ци­те по­лес­но ќе го про­гол­та­ат сво­е­то пре­и­ме­ну­ва­ње и гу­бе­ње­то на сво­е­то ос­нов­но чо­ве­ко­во пра­во на иден­ти­тет за кое ни­кој ни­ко­гаш не пре­го­ва­рал, а не, пак, да се отка­же од не­го. Го­ле­ми­те си­ли сѐ уште не раз­браа де­ка ни­ту го­ле­ма ко­а­ли­ци­ја ни­ту ши­ро­ка вла­да не мо­же да до­не­се трај­но ре­ше­ние за устав­но­то име и во прв ред ур­ни­су­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет, кој ду­ри и ако е гра­ден во пос­лед­ни­те 70 го­ди­ни, ка­ко што твр­дат не­кои бал­кан­ски на­ци­о­на­ли­сти, не мо­же да би­де про­ме­нет со при­ти­сок од над­вор или со пре­дав­нич­ка по­ли­ти­ка на по­ли­тич­ки­те пар­тии. За­тоа си­те во странс­тво, а пред сѐ тие во Ма­ке­до­ни­ја, што раз­мис­лу­ва­ат за иден­ти­тет­ски ин­же­не­ринг пре­ку фор­ми­ра­ње го­ле­ма ко­а­ли­ци­ја тре­ба да зна­ат де­ка ду­ри во тој слу­чај ќе ви­дат што е ви­стин­ска кри­за и гол­го­та. Ду­ри то­гаш ќе ви­дат де­ка се­гаш­на­та по­ли­тич­ка кри­за, без раз­ли­ка да­ли за неа е ви­но­вен Со­рос или до­маш­ни­те кал­ку­лан­ти, би­ла са­мо ше­га. За да им би­де уште по­јас­но на тие што се сом­не­ва­ат во ка­па­ци­те­тот на ма­ке­дон­ски­от на­род да го од­бра­ни сво­е­то, тре­ба да им се ка­же де­ка сѐ уште по­сто­јат до­во­лен број лу­ѓе што не­ма да доз­во­лат пре­ку ноќ да ста­нат „Гор­но­ма­ке­дон­ци“ што го­во­рат „гор­но­ма­ке­дон­ски ја­зик“. Во тој кон­текст тре­ба да зна­ат де­ка ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ исто ка­ко што по се­кој це­на не сме­ат да на­пра­ват вла­да со ДУИ и со БЕ­СА, по ни­ед­на це­на не сме­ат да на­пра­ват ком­про­мис ште­тен за Ма­ке­до­ни­ја, а од­не­су­ва­ње­то на грч­ки­те и на бу­гар­ски­те фа­кто­ри, но и на европ­ски­те и на аме­ри­кан­ски­те, до­се­га не да­де на­деж де­ка е мож­но ре­ше­ние со кое и ние ќе би­де­ме за­до­вол­ни.

kol231-gm-4

При­ти­со­кот ни­ко­гаш не тре­ба да нѐ из­не­на­ди

Се раз­би­ра, ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри не тре­ба да би­дат из­не­на­де­ни од стран­ска­та ко­ор­ди­на­ци­ја што ја гле­да­ме по кој знае кој пат пос­лед­ни­те 9 го­ди­ни од са­ми­тот на НА­ТО во Бу­ку­решт. Ка­ко што не тре­ба да су­ди­ме де­ка си­те стран­ски на­по­ри за ре­ше­ние на спо­рот за име­то и отво­ра­ње на евро­ат­лан­ски­те ин­те­гра­ции на Ма­ке­до­ни­ја се не­при­ја­тел­ски кон на­ша­та др­жа­ва. Не е иск­лу­че­но де­ка се­га дел од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца са­ка да се нај­де ре­ше­ние што ќе би­де фер за две­те стра­ни, но, се­пак, со ог­лед на важ­но­ста на Гр­ци­ја за го­ле­ми­те си­ли, по­ре­ал­но е де­ка Ма­ке­до­ни­ја би би­ла ко­ла­те­рал­на жр­тва на стран­ски­те на­по­ри во овој пра­вец. Се­пак, во ме­ѓу­на­род­на­та по­ли­ти­ка и исто­ри­ја има прем­но­гу при­ме­ри ко­га ма­ли­те, и осо­бе­но сла­би­те, зем­ји не го до­би­ва­ат тоа што го има­ат за­цр­та­но ка­ко на­ци­о­на­лен при­о­ри­тет осо­бе­но во си­ту­а­ции ко­га за ре­ша­ва­ње има­ат по­ве­ќе важ­ни стра­те­ги­ски пра­ша­ња.

Ма­ке­до­ни­ја во мо­мен­тов има прем­но­гу отво­ре­ни пра­ша­ња и гле­да­но од се­ка­ков ас­пект, и вна­треш­но­по­ли­тич­ки (не­ма вла­да), и ин­те­рет­нич­ки (ал­бан­ски­те пар­тии по­ста­ви­ја ба­ра­ња што и са­ми­те не би ги ис­пол­ни­ле да се на власт), и ге­о­стра­те­ги­ски (но­ви­от бран бе­гал­ци од Бли­ски­от Исток е под­го­твен за по­ход кон Евро­па, а до­го­во­рот ме­ѓу ЕУ и Тур­ци­ја ед­вај се одр­жу­ва во жи­вот), ед­но­став­но е не­воз­мож­но да до­бие ре­ше­ние кое би ги за­до­во­ли­ло ба­ра­ња­та на гра­ѓа­ни­те, ама­не­тот на прет­ход­ни­те ге­не­ра­ции и остав­шти­на­та за на­ши­те де­ца, вну­ци и прав­ну­ци.

kol231-gm-2

Гр­ци­ја е си­гур­на де­ка сме ста­ве­ни во ќо­ше

Из­ја­ва­та на Але­ксис Ци­прас де­ка Ма­ке­до­ни­ја е таа што во­ди на­ци­о­на­ли­стич­ка аген­да со те­ри­то­ри­јал­ни пре­тен­зии во­оп­што не е слу­чај­на. Ци­прас, по­крај тоа што са­ка да се по­зи­ци­о­ни­ра по­до­бро пред сво­ја­та јав­ност ко­ја на­ско­ро по­втор­но ќе тре­ба да гла­са за не­го на из­бо­ри, ни ка­жу­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја во мо­мен­тов е во најс­ла­ба пре­го­ва­рач­ка по­зи­ци­ја од по­че­то­кот на пре­го­во­ри­те за име­то пред 24 го­ди­ни и де­ка тој факт мо­ра да го прес­ме­та во ид­ни­те сце­на­ри­ја.

До­де­ка не­го­ви­от ми­ни­стер Ко­ѕи­јас, за­ед­но со сво­јот ма­ке­дон­ски парт­нер По­по­ски, две го­ди­ни се оби­ду­ва да спро­ве­де не­воз­мож­на ми­си­ја и да ги по­до­бри од­но­си­те ме­ѓу два­та со­се­да, грч­ки­от пре­ми­ер се оби­ду­ва да по­ен­ти­ра. Со тоа тој им ис­пра­ќа по­ра­ка и на ме­ѓу­на­род­ни­те фа­кто­ри што го спон­зо­ри­ра­ат пос­лед­ни­от обид за ре­ла­кси­ра­ње на од­но­си­те ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја де­ка не го ин­те­ре­си­ра ни­што дру­го освен грч­ки­те цр­ве­ни ли­нии и по­зи­ци­ја­та ед­но име за си­те упо­тре­би, во кое ќе мо­ра да има ге­о­граф­ска одред­ни­ца.

Ци­прас јас­но на си­те им да­ва до зна­е­ње де­ка со ва­ква сла­ба Ма­ке­до­ни­ја под­ја­де­на од дол­го­го­диш­на кри­за не­ма по­тре­ба да пра­ви ком­про­мис, ту­ку ќе ин­си­сти­ра на ма­кси­ма­ли­стич­ки по­зи­ции. За не­го и за не­го­ва­та зем­ја не­ма опас­на ал­тер­на­ти­ва, а до­бро знае де­ка за Ма­ке­до­ни­ја не­по­стиг­ну­ва­ње до­го­вор и за­тво­ра­ње на евро­ат­лан­ски­те ин­те­гра­ции мо­же да зна­чи крај на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва, исто она­ка ка­ко што за­цр­та­ле грч­ки­те на­ци­о­нал­ни стра­те­зи во пос­лед­ни­те 100 го­ди­ни.

kol231-gm-3

Со кол­ку ја­зи­ци го­во­ри ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца за Ма­ке­до­ни­ја

Ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, ко­ва­ни­ца­та ко­ја кај нас се по­драз­би­ра ка­ко пре­сек на ин­те­ре­си­те за за­пад­ни­те си­ли во од­нос на Ма­ке­до­ни­ја, по­сто­ја­но ба­ра не­што од Ма­ке­до­ни­ја. Дел од тие ба­ра­ња се при­ја­тел­ски, ка­кви што тре­ба да би­дат ме­ѓу два парт­не­ри, но го­лем дел од нив се ба­зи­ра­ат иск­лу­чи­во на нив­ни­те ин­те­ре­си. За­тоа Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да би­де вни­ма­тел­на при ана­ли­за­та на ви­стин­ска­та при­ро­да на ба­ра­ња­та на прет­став­ни­ци на таа за­ед­ни­ца.

Не­ре­тко во ми­на­то­то ин­те­ре­си­те на САД во од­нос на Ма­ке­до­ни­ја би­ле раз­лич­ни или мно­гу по­јас­ни од тие на ЕУ или на не­ко­ја од го­ле­ми­те си­ли, Гер­ма­ни­ја, Фран­ци­ја или Бри­та­ни­ја. Ка­ко што мно­гу че­сто јав­на­та по­ли­ти­ка на не­кои на­ши парт­не­ри би­ла со­се­ма раз­лич­на од тај­на­та дип­ло­ма­ти­ја ко­ја има­ла цел про­ме­ни во по­ли­тич­ки­от си­стем и во рас­по­ре­дот на си­ли­те. От­та­му раз­бир­ли­во е пра­ша­ње­то на ВМРО-ДПМНЕ упа­те­но до Ам­ба­са­да­та на САД да­ли неј­зи­но­то дип­ло­мат­ско прет­став­ниш­тво има це­лос­на ко­ор­ди­на­ци­ја со но­ви­те прав­ци на дејс­тву­ва­ње на аме­ри­кан­ска­та дип­ло­ма­ти­ја.

Са­мо за по­тсе­ту­ва­ње, ми­на­та­та не­де­ла па­ра­лел­но со из­ја­ви­те на ам­ба­са­до­рот Беј­ли во Скоп­је, во Ва­шин­гтон се слу­чи­ја дра­ма­тич­ни про­ме­ни во Стејт Де­парт­мен­тот со кои од нај­ви­со­ки­те по­зи­ции за­ми­наа де­се­ти­на кри­ти­ча­ри на Трамп и но­си­те­ли на над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка на САД од вре­ме­то на Оба­ма.

И, на­ви­сти­на, Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да до­бие јас­ни сиг­на­ли да­ли нај­а­ви­те на Трамп за не­ме­ша­ње и не­на­ту­ра­ње на аме­ри­кан­ски­те над­во­реш­но­по­ли­тич­ки при­о­ри­те­ти на дру­ги­те на­ции се са­мо за јав­ност или на­ви­сти­на не­го­ва­та ад­ми­ни­стра­ци­ја ќе во­ди прин­ци­пи­ел­на и при­ја­тел­ска по­ли­ти­ка осо­бе­но со зем­ја ка­ко Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја во 2008 го­ди­на, во вре­ме­то на дру­га ре­пуб­ли­кан­ска ад­ми­ни­стра­ци­ја, пот­пи­ша до­го­вор за стра­те­ги­ско парт­нерс­тво. За­тоа не тре­ба да се бр­за, а тре­ба да се пра­шу­ва, ду­ри и ко­га дел од опо­зи­ци­ски­те акти­ви­сти кои не сле­дат ка­кви тур­бу­лен­ции се слу­чу­ва­ат во Ва­шин­гтон и гло­бал­но, пра­ват ше­ги за ва­кви­от од­нос кон аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да во Скоп­је.

(Текст објавен во 231. број на неделникот Република, 3.02.2017)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top