| четврток, 6 декември 2018 |

Албанскиот државен обвинител: Притисоците на американскиот амбасадор се типично соросоидни

 

Kryetari i ILDKP Adriatik Llalla, gjate nje takimi mes krereve te Ministrise se Brendshme dhe drejtuesve te misionit PAMECA, ne hotel Sheraton.

Албанскиот државен обвинител Адриатик Лала вчера влезе во остар вербален судир со амбасадорот на САД во Тирана, Доналд Лу, кој го обвинил за попречување на реформата на правосудниот систем, која била клучна за напредокот на Албанија на патот кон Европската Унија, пишува Дневник.

Во соопштението доставено до агенцијата АП, Лала го обвини Лу дека со уцени и притисоци се обидува да манипулира со јавното мнение и да ги девалвира институциите во Албанија. Тој истакна дека обвиненијата на амбасадорот се поврзани со истрагите на Обвинителството за неколку политичари кои ја имаат поддршката на амбасадорот и за неколку пратеници на кои амбасадорот и со уцена им го барал гласот за реформите во правосудството.

– Обвинителството му појаснува на господинот Лу дека ако е научен да биде господин во амбиентите на албанската политика, тоа не може да го реализира со институцијата на Обвинителството. Господинот Лу мисли дека судбината на Обвинителството е во негови раце кога ја уценува институцијата за затворање истраги или со одземање визи. Треба да му биде јасно и нему и кому било дека за да ги исполнуваат уставните и правните задачи, на обвинителите не им е потребна виза. Овие притисоци на американскиот амбасадор во Тирана се типични соросоидни, со кои има обид за манипулација на јавноста и обезвреднување на институциите, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Од друга страна, Лу изјави дека Лала ја попречува реформата на правосудството, која мора да се спроведе пред почетокот на преговорите за пристапувањето на Албанија во Европската Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top