Доналд Трамп има опсесија за која ретко кој знае. Имено, тој е преокупиран со тоа луѓето што работат за него да се облекуваат убаво .
Имено, Трамп му се налутил на Шон Спајсер, неговиот секретар за медиуми и за комуникација, бидејќи лошо го вклопил костумот, кој го носел на првата конференција за печат.
Според изворите што работеле на кампањата на Трамп, тој сакал жените што работат за него да се облекуваат како жени, додавајќи дека иако се во панталони, мораат да бидат уредни и средени.
Мажите не биле поштедени, па морале да се облекуваат во една боја, да имаат добро држење на телото и да бидат уредни и дотерани. Краватата е незаобиколен детаљ за секој маж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.