| четврток, 6 декември 2018 |

МД „Илинден“: Во Албанија ниту имало ниту има Бугари

ilinden-tiranaМакедонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, во име на сите Македонци во Албанија го осуди барањето на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во ЕП за признавање на бугарско малцинство во Република Албанија.

– Категорично ги отфрламе тврдењата на бугарските претставници во ЕП, дека во Албанија има Бугари, зашто тоа е груб фалисфикат на историјата и вистината. Во регионите Голо Брдо, Преспа и Гора, како и на цела територија на Република Албанија ниту имало ниту има Бугари, така било, така и ќе остане, стои во реакцијата на „Илинден“

Македонско друштво „Илинден’“, стои понатаму во реакцијата, ги осудува активностите на бугарската држава, во обидите за фалсификат на историјата.

– Бугарија продавајќи бугарски пасоши на Македонците во Албанија, кои се приндени на тоа поради екстремната сиромаштија и безизлесната ситуација во која се наоѓаат, се обидува вештачки  да создава Бугари во Албанија, а коисвесна е дека ги нема, посочува друштвото.

Тоа бара од албанската и од македонската влада, да го осудат овој чин на бугарските претставници во ЕП и да побараат  Македонците од Албанија да не бидат злоупотребувани за стопирање на патот на Албанија кон интеграциските процеси кон ЕУ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top