| четврток, 6 декември 2018 |

Леверкузен ослабен до крајот на сезоната: Чалханоглу доби суспензија од 4 месеци

download

Лоши вести денес стигнаа за „Фармацевтите“ откако Судот за спортска арбитража ја потврди одлуката на ФИФА за суспензија од четири месеци на еден од нивните најдобри играчи, Хакан Чалханоглу. Играчот од средниот ред се најде на тапет кај светската куќа на фудбалот откако Трабзонспор во 2013 достави жалба и обвини дека Турчинот го прекршил договор кој го имал со нив.

Имено, Хакан Чалханоглу во 2011 како 17 годишно момче потпишал договор за преселба во Трабзонспор, а неговото семејство и менаџер добиле 100.000 евра.

Но овој трансфер никогаш не се реализирал, а Хакан Чалханоглу наместо во Трабзонспор премина во Карлсруе од каде потоа во 2013 направи трансфер во Хамбургер. Една година подоцна пристигна во Баер Леверкузен за 14,5 милиони евра.

Покрај суспензијата од четири месеци, Хакан Чалханоглу исто така ќе треба да му плати и 100.000 евра на Трабзонспор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top