Семејството Кардашијан помина неколку дена на одмор во Костарика, а по враќањето во Америка ги дочека непријатно изненадување.
Кога слетале на аеродромот во Лос Анџелес, ги дочекале претставници на имиграционата служба, кои детално го прегледале авионот и ги испрашувале патниците, вклучувајќи ги Ким Кардашијан, нејзините сестри Клое, Кортни и Кајли, мајка и Крис Џенер, како и момчето на Кајли, Тајга.
Сега се појавија шпекулации дека тоа е одмазада на Доналд Трамп на славното семејство. Имено Ким пред неколку дена ја искритикува одлука на претседателот на САД за забрана за влез во државата на граѓани од седум држави.
Таа на Твитер објави статистички податоци кои укажуваат дека само два Американци годишно страдаат од страна на исламските екстремисти имигранти, додека многу повеќе страдаат од молња, сообраќајка и дека скоро 12.000 луѓе годишно страдаат од убиство на други Американци. На тој начин сакала да каже дека Трамповата забрана нема да донесе многу добро на американското општество.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.