Контролите на квалитетот се редовни, но трговците секогаш може да се послужат со финти или старо месо од увоз да пласираат на пазарот. Затоа, треба да ги отворите очите.
Како да препознаете дали месото навистина е свежо?
Првиот чекор е да ја прегледате декларацијата на месото, доколку месото има декларација (во продавниците е задолжителна, за разлика од месарите). Секако, посигурно е да купите месо од домашно производство, кое најчесто е поскапо, но со добра причина – помали се шансите дека е старо.
Проверка на бојата и мирисот
Ова е основниот тест кој може да открие дали месото е расипано, без обзир на рокот на траење кој не е поминат. На ум треба да ја имате нормалната боја на месото. Месото од живината има од синкасто бела до жолтеникава боја. Во совршени услови, свинското место треба да има розево – сивкаста боја. Кога го прегледувате пилешкото, обрнете внимание на деловите околу коските – тие не смеат да бидат потемни.
Повеќето луѓе го поврзуваат месото со изразено црвена боја, која не е неговата природна, туку резултат на изложување на воздух. Доколку меленото месо е вакумирано, неговата боја би требало да биде виолетово – црвенкаста, додека потемните бои говорат дека станува збор за постаро животно, иако ова не значи дека месото е расипано.
Црвената боја се поврзува и со тоа дека месото е постаро. Јунешкото е природно црвенкасто, а по текстура цврсто. Овој тип месо треба да биде прошаран со тенки, а не широки чилички – додека жолти масни жили упатуваат на тоа дека животното било постаро.
Доколку забележите сивкасти или црни делови – не го купувајте месото
Кај меленото месо можноста за измама е најголема – па најдобро е да се бара да го измелат пред вас.
Кај јагнешкото месо, бојата треба да биде светло розевкаста, по текстура цврсто како и јунешкото. Доколку јагнето е замрзнувано, тогаш мирисот е намален или воопшто го нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст