Радовишанецот Џ.Ш. (46) вчера го претепал до смрт својот осумгодишен син. Според полицијата, таткото и синот живееле заедно во последните пет месеци во куќа во близина на Раклишка Река, под полигонот во Радовиш.
Убиството се случило кога таткото со дрвен предмет му нанел повреди на синот по градниот кош, а со тупаници го удирал по главата, по што детето починало. Откако увидел дека неговиот син им подлегнал на повредите, заедно со другиот малолетен син и неговиот брат го однеле во итната медицинска помош при ЈЗУ – Радовиш каде што лекарите само ја констатирале смртта на детето.
Увид на самото место извршиле увидна екипа, истражен судија и јавен обвинител. По извршениот увид со наредба на истражен судија телото е предадено на обдукција во Институт за судска медицина Скопје, каде што е констатирана насилна смрт.
За насилниот татко е поднесена кривична пријава за убиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре