| четврток, 6 декември 2018 |

Старите муштерии од Грција, последна пречка за тениски пробив на Македонија

Репрезентацијата на Грција е последната пречка за македонската тениска репрезентација пред портите на втората евроафриканска зона, а балканското дерби ќе се игра денеска од 11 часот во Сан Марино.

Двете репрезентации лесно ја минаа фазата по групи и без пораз ќе играат меѓусебе во полуфиналето на турнирот. Победникот  има гарантиран пласман во повисок ранг на натпревари. За нас се очекува во сингл мечевите да настапат Предраг Русевски и Шендрит Деари, а ќе се игра и меч во двојки. Најискусниот Русевски беше во составот на Македонија, во април 2006 година, кога ги декласиравме Грците на нивни терен во Атина со 4-1, во меч од третата зона. Тогаш го почнавме импресивниот поход кон горниот дом во Дејвис купот, а три циклуси по ред настапувавме и во Првата евроафриканска зона, што е втор по квалитет ранг на натпревари зад Светската група. Утре со Грците ќе го играме вториот меч во тениската историја на купот. Нив ги предводи натурализираниот Грк Јакуповиќ, а втор рекет веројатно ќе им биде Каловелонис.

Во второто полуфинале Норвешка ќе игра против Грузија, а победниците во полуфиналето го напуштаат најнискиот ранг на натпревари, третата европска зона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top