Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас, кој сега го чува голот на Порто, истакна дека Тибо Куртоа за него е најдобар светски голман во овој момент. Ова уште повеќе ги подгрева гласините дека тој во летниот преоден рок од Челси ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
– Куртоа е најдобар голман во светот во овој момент. Тој има одлична сезона во Челси. Иако не игра со клубот во ЛШ, сепак, тој е маркантна фигура во Премиер-лигата и еден од најзаслужните што неговиот тим е лидер во англискиот шампионат. Куртоа би бил одлично решение за голот на Реал Мадрид – изјави Икер Касилјас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја знаете ли легендата за преубавата Преспа и настанокот на Преспанското Езеро?
-
Дали ја знаете легендата за Баба Марта, чудната старица која никој не смеел да ја налути?
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)