Изјавата на Џеф Сешонс, кого новиот американски претседател Доналд Трамп го номинира за јавен обвинител на САД, дека планира ригорозно спроведување на американските закони против развратот, ги поттикна дилемите дали таквите мерки ќе се одразат врз американската порноиндустријата.
Стравувањата за можна забрана на порноиндустријата во САД следуваат откако во април минатата година, американската сојузна држава Јута ја прогласи порнографијата за „штетна и за закана за јавното здравје“, која, меѓу другото, „создава и зависност“.
Кон крајот на минатата година Јужна Каролина го разгледуваше амандман со кој би се принудиле производителите на електронска орпема да инсталираат софтвер за блокирање на порносодржини на сите новопроизведени уреди во оваа сојузна држава.
Републиканските законодавци веќе долго време водат борба против порнографијата, истакнувајќи дека таа придонесува за поттикнување на трговијата со луѓе и со деца и за насилното однесување на мажите, како и дека е причина за голем број пропаднати бракови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.