| четврток, 6 декември 2018 |

Трансферот договорен, Гризман доаѓа во Манчестер јунајтед за 100 милиони евра

antoan grizman

Според „Јаху спорт Франс“ Манчестер Јунатед и Атлетико Мадрид постигнале договор вреден 100 милиони евра за трансфер на Антоан Гризман на „Олд Трафорд“ и тој ќе се реализира веднаш по завршување на сезоната.

Манчестер јунајтед ќе ја плати откупната клаузула од договорот на Гризман со Атлетико Мадрид која изнесува 100 милиони евра, па шпанскиот клуб нема да може да влијае на евентуално спречување на фудбалерот да се пресели на „Олд Трафорд“.

Притоа медиумот тврди дека Гризман веќе постигнал комплетен договор со „црвените ѓаволи“ и ќе добива 15 милиони евра по сезона.

Французинот во Манчестер Јунајтед ќе ја носи легендарната „седумка“, а медиумите тврдат дека се е договорено и дека трансферот нема да зависи од евентуалниот настап на „црвените ѓаволи“ во Лигата на шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top