| четврток, 6 декември 2018 |

Тестаментот на Александар Македонски 2.000 години ни бил пред очи?

Тестаментот на Александар Македонски, можеби, конечно, е пронајден, 2.000 години по неговата смрт. Стручњак од Лондон тврди дека го нашол тестаментот скриен во древен текст, кој со векови се криел пред очите на светската јавност. Во тестаментот, наводно, биле искажани плановите на Александар за неговото царство, како и неговата желба за погребното место и наследниците на неговото огромно богатство и моќ.

514kticn5nL._SX336_BO1,204,203,200_

Сведоштво за загубениот тестамент може да се најде во древниот ракопис познат како „Александрида“, популарен средновековен роман за Александар Македонски, за кој се верува дека е напишан од Псевдо-Калистен. Веројатно сочинето еден век по смртта на Александар, писанието содржи непроценливи историски фрагменти за неговите походи во Персија.

Историчарите долго верувале дека последното поглавје од книгата содржи политички памфлет во кој е поместен тестаментот на Александар, но досега тоа се отфрлало како фикција.

3CAF9B7D00000578-4175468-image-a-27_1485861917427

Но, десетгодишен истражувачки проект од страна на Дејвид Грант, експерт за животот и делото Александар Македонски од Велика Британија, посочува поинаку. Неговото откритие е опишано во новата книга „Во потрага по загубениот тестамент на Александар Велики“.

ace

Тој верува дека оригиналот на тестаментот бил скриен од најмоќните генерали на Александар, поради тоа што во него за негови наследници биле именувани неговиот полуазиски син Александар Четврти и постариот вонбрачен син Херакле. Не сакајќи да прифатат водство од тие коишто моќните македонски генерали ги сметале за „неблагородни“ синови, што било „незамисливо“, генералите во текот на следните години се бореле меѓу себе за моќта и богатството на огромната држава која ја основал Александар.

Грант верува дека во следните децении тестаментот на Александар бил внимателно препишан и распространет во вид на политички памфлет, како дел од политичката борба меѓу соперниците. Доколку теоријата на Грант се покаже како точна, ќе биде вистинска пресвртница во историјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top