Околу 20 лица се затрупани, откако денеска се урнаа три петкатници во близина на Венџоу, индустриски град во источна Кина, а во тек е спасувачка операција, јави кинеската државна агенција Ксинхуа.
Се верува дека најмалку осум лица го изгубиле животот, додека петмина се спасени.
Во спасувачката акција учествуваат околу 6.000 лица, со помош на најмалку 17 амбулантни возила.
Спасувачките екипи со тешка опрема работат на расчистување на урнатините, а во близина на местото се распоредени и пожарникари.
Уривањето на зградите се случило околу осум часот изутрината по локално време во гратчето Баиџангџи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.