| четврток, 6 декември 2018 |

Границата затворена и денеска, тракторите влегуваат во Солун

Акцијата предвидува организирање протестен митинг по повод денешното отворање на изложбата „Зоотехника“.

Истовремено продолжуват блокадите на главните патни правци во земјата, при што на некои места се симболични, а на други се одржуваат во одредени интервали. Граничниот премин Евзони-Богородица ќе биде блокиран за сообраќај до петок, 3 февруари, одлучија грчките земјоделци кои од понеделникот штрајкуваат.

Земјоделска техника и зајакнато полициско присуство има кај пунктот Промхон-Кулата на границата со Бугарија, каде сообраќајот во моментов се одвива нормално. Границата со Македонија на преминот Евзони е затворена.

Земјоделците изјавуваат дека в недела ќе одлучат дали ќе ги продолжат протестите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top