| четврток, 6 декември 2018 |

Што открива ракописот на Трамп за него?

Откако стана претседател Доналд Трамп е топ тема како во американските, така и во светските медиуми.

И додека едни го анализираат неговиот говор на телото додека е покрај сопругата Меланија, други се фокусирани на неговиот ракопис. Се верува дека начинот на кој што пишува една личност, може да открие многу за нејзиниот карактер.

Што открива оној на Трамп?

Блага накосеност кон лево

Оваа карактеристика покажува дека личноста држи до себе и најдобро се наоѓа кога работи зад сцената. Кај Трамп ракописот се забележува дека тој не пишува со движења горе-долу туку го држи движењето дијагонално.

trump13

Крупни букви

Големината на буквите во суштина ја открива големината на личноста, па големите букви сугерираат на човек кој сака да се дружи и ужива во вниманието што го добива. Но, ова може да е знак и на тоа дека самодовербата не е толку голема колку што изгледа.

Тесен проред

Кога буквите се слепени една до друга вообичаено значи дека личноста не може да поднесе да биде сама. Има тенденција да се меша со толпата и да се наметнува.

Остри букви

Острите краеви на буквите сугерираат дека оној што пишува е агресивен, интезивен, интелигентен и љубопитен.

Силен притисок

Кога има силен притисок буквите се темни и сугерираат на тоа дека има високо ниво на енергија. Личноста е посветена и сериозно ги сфаќа нештата. Сепак, преголем притисок значи напнатост и брза реакција кон критика.

trump41

Високи точки на буквата i

Оние кои ставаат високи точки на буквата i имаат голема имагинација. По она што го гледаме од ракописот на Трамп тој ја има оваа карактеристика.

Нагласен горен дел од буквата Т

Некој кој има нагласен горен дел од оваа буква обично е решителен и ентузијаст, иако може да биде и мошне тврдоглав и не откажува лесно од нештата.

Нечитлив потпис

Потписот што тешко се чита открива личност што тешко се „чита“ и чии постапки тешко се сфаќаат.

I поголема од другите букви

Кога буквата I (како јас) е пренагласена сугерира на тоа дека постои високо ниво на ароганција. Интересно е да се забележи дека Трамп ја нагласува оваа буква кога зборува за себе, но не и кога е во средината на зборот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top