| четврток, 6 декември 2018 |

Молбата на „видовитиот“ свештеник: Не го убивајте мојот убиец!

Католичкиот свештеник Рене Роберт (71) од Флорида, кој бил убиен минатата година, барал милост за својот убиец практично од гробот.

Во писмото во кое наводно предвидел дека ќе биде убиен и кое го напишал пред 22 години, свештеникот Рене Роберт изразил противење на смртната казна и барал личноста која ќе му го одземе животот да не биде погубена – без оглед на тоа кој ќе го стори тоа, „без разлика колку сурово ќе биде злосторството и колку сум страдал“.

Телото на Роберт од Сент Августин (Флорида) било пронајдено изрешетано со куршуми во Џорџија во април 2016 година. Според информациите на полицијата, неколку дена претходно го убил Стивен Мари, кому свештеникот со месеци се обидел да му помогне.

Во 1995 година, свештеникот потпишал „изјава за животот“ во присуство на адвокат, кој го заверил документот.

Бискупот Фелипе Естевез изјавил дека очигледно е дека осомничениот заслужува казна, но дека „изрекувањето на смртна казна како последица на убиство само допринесува за продолжување на циклусот на насилство во нашето општество“.

Обвинителката Ешли Рајт изјавила дека убиството било шокантно сурово, ужасно и нехумано.

Мари, кој и претходно бил казнуван, го стопирал возилото на свештеникот Роберт во Џексонвил, пред да го киднапира и да го убие. Била уапсен во Јужна Каролина, додека ја возел неговата „тојота корола“ еден ден откако било пријавено исчезнувањето на свештеникот и ја одвел полицијата до неговото тело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top