Преговарачите на Европскиот парламент, Собранието и Комисијата се договориле околу регулирање на цените кои телекомуникациските оператори меѓусебно ќе ги наплатуваат за услугите на роаминг, што е последен елемент кој остана да се исполни за конечно укинување на наплатата на роаминг во Европска унија од 15 јуни оваа година.
Од 15 јуни сите граѓани на ЕУ ќе може да ги користат своите мобилни телефони и надвор од својата матична мрежа по исти цени кои ги договориле со своите оператори за користење во својата земја.
Трите европски институции ги договориле највисоките цени кои операторите можат меѓусебно да ги наплатуваат за услугите во роаминг.
Така цената за гласовните повици од 15 јуни ќе може најмногу да чини 3,2 центи, а за СМС 1 цент.
Што се однесува до интернетот, договорено е постапно намалување за претстојниот петгодишен период. Од 15 јуни оваа година за 1ГБ ќе се наплатува најмногу 7,7 евра, а со постапно намалување ќе се дојде до 2,5 евра од 1 јануари 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст