Додека луѓето, вклучувајќи и огромен број на деца, скијаат на Попова Шапка некој ја користи скијачката патека за возење на џип по снегот.
Викендов на нашиот најголем и најпознат зимски спортско-рекреативен центар, Попова Шапка оргомен број на граѓани го искористија огромното количество на снег и убавото време за скијање и рекреација.
Но, според она што може да се забележи од видеото кое кружи на социјалните мрежи, додека луѓето, вклучувајќи и огромен број на деца скијаат на снегот, некој ја користи скијачката патека за возење на џип по снегот.
Од коментарите и реакциите на социјалните мрежи се забележува голем револт за оваа постапка и повици адресирани до надлежните институции да направат нешто со што ќе ја санкционираат оваа и слични вакви однесувања и за да не дозволат ова да се повтори.
извор: Пинџур.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.