| четврток, 6 декември 2018 |

По средбата со претседателот Иванов и Беса: Клучот е во Собранието

besa

Кој ќе собере мнозинство во Собранието тој ќе формира Влада. Од Беса по средбата со претседателот Ѓорге Иванов не беа расположени за изјава пред камерите за тоа како течел состамокот.

Од партијата велат дека не и придаваат поголемо значење на оваа средба бидејќи клучот не е кај претседателот туку кај Собранието. Од Беса не одговорија дали ќе почнат со собирање на потписи за формирање нова Влада.

Во моментов тече средбата на Претседателот со лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села. По него претседателот треба да се сретне со Али Ахмети па Зоран Заев. Средбата на Ованов со Груевски е закажана за во 17.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top