Србите потпишуваат петиција со која се бара Македонецот Сашко Богески, кој пред три дена, во самоодбрана, уби провалник во својот стан во Белград, да биде пуштен од притвор.
Нему судот му определи 30-дневен притвор. Во вторникот околу полноќ, бранејќи си ги семејството и домот, во својот стан на „Јулино Брдо“ во Белград го убил провалникот Владо Маниќ, криминалец, познат на полицијата, со дебело досие. Маниќ зад себе имал 50 криминални дела. Тој преку прозор влегол во станот на Богески и го нападнал со шрафцигер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.