Македонската репрезентација до 21 година ќе одигра два контролни натпревари на домашен терен следниот месец. Момците на Благоја Милевски на 24 март ќе се соочат со врсниците од Црна Гора, а четири дена подоцна, на 28 март ќе одиграат контрола и против Бугарија. Натпреварот со Грузија ќе го одиграме на 4 јуни.
– Ќе се обидеме на квалитетен начин да ги искористиме термините на УЕФА за пријателски натпревари. На првиот контролен натпревар нашата нова генерација, фудбалерите родени 1996/97 ќе им се спротивстават на Црногорците, додека еден од главните тестови пред Европското првенство ќе ни биде натпреварот со Бугарија. На таа пресметка ќе воигруваме со репрезентативците на кои ќе сметам на првенството во Полска – изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.
Селекторот напоредно воигрува две репрезентации, онаа која ќе игра на Европското првенство во Полска и онаа која ќе ги наследи во квалификациите за Европското првенство во Италија во 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.