| четврток, 6 декември 2018 |

Верниците на Балканот, атеистите во Чешка

Balkan-mountains-high-mapБалканот е еден од регионите со најмал број на атеисти во светот, каде само околу четири отсто од жителите се сметаат себеси за атеисти велат резултатите од истражувањето на Галуп за 2012 година. Заклучокот е дека  Балканот е меѓу најрелигиозните делови на светот.

Од друга страна, најмногу атеисти во Европа има во Чешка, каде околу 50 проценти од жителите се сметаат за атеисти. Од останатите земји, атеисти се сметаат 30 проценти од Французите, 20 отсто од Германците и Американците и околу 10 проценти од Русите.

Според ова истражување, атеисти се сметаат околу 13 проценти од вкупната светска популација.

Истражувањето покажа дека најголем број на атеисти се забележани во Кина, каде 47 отсто се сметаат за атеисти. Голем процент на атеисти се забележани и во Јапонија, каде така се изјасниле 31 отсто од населението. Интересен е податокот и дека во Саудиска Арабија околу пет проценти од населението се атеисти.

Оваа студија покажа дека најрелигиозни во светот се жителите на Авганистан, Ирак, Гана, Нигерија и Ерменија, каде девет од десет лица се сметаат за религиозни.

Исто, истражувањето покажа дека религијата е многу поприсутна во неразвиените и сиромашни земји.

Во истражувањето на Галуп за 2012 година, кое го тематизираше нивото на религиозност во светот, учествуваа 50.000 лица од 40 држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top