Ако некогаш сте помислиле дека сте вистински баксуз, овие луѓе ќе ве утешат, будејќи важат за најмалерозните луѓе чии судбини некогаш биле документирани.
Уверете се.
Рој Саливан (САД)
Кој вели дека гром не удира два пати на исто место? Г-дин Саливан бил погоден од гром 7 пати, а шансите некого да го удри гром се 1:3.000, а да се случи седумпати да удри гром во истиот човек шансите се 1:22 квадрилиони. Но, на крајот не било гром она кое го убило, туку самиот си пресудил со пиштол во стомак поради невозвратена љубов.
Мелани Мартинез (САД)
Изгубила четири куќи во урагани. Кога во реално шоу освоила елосна поправка на петтата куќа, и неа ја изгубила во ураган.
Вајолет Џесоп (Велика Бритнија)
Била на бродот „Олимпик“ кога потонал. Потоа се качила на „Титаник“ и го преживеала бродоломот, па решила да патува со бродот „Британик“, но и тој потонал.
Костис Мицотакис (Шпанија)
Единствен во свето село од седумдесет жители кој не уплатил лотарија која на крајот им донела 740 милиони евра на овие среќни селани.
Ајван Лестер Мегваер (САД)
Сакал да сними скок од авион, па на падобранскиот курс понел и камера. За жал, заборавил да понесе нешто поважно – падобранот, па заинал скокајќи заедно со пријателите.
Цутому Јамагучи (Јапонија)
Бил во Хирошима во моментот кога паднала атомската бомба. Откако минал ноќ во скривалиште, заминал дома во Нагасаки и пристигнал точно навреме за падот на втората атомска бомба. И неа ја преживеал и умрелгодини подоцна на 93 години.
Роберт Тед Линколн (САД)
Бил присутен на убиствата на тројца американски претседатели Линколн, Гарфилд и Мекинли.
Ен Хоџис (САД)
Ја удрил метеор кој влетал низ покривот на нејзината куќа и солидно ѝ го повредил колкот. Таа едната од двете лица кои се регистрирани дека ги удрил метеор.
Хенри Зигланд
Избегнал куршум кој потоа се забил во дрво. Години подоцна го дигнал во воздуг токму тоа дрво, при што куршумот експлодирал и го убил на самото место.
Фране Селак (Хрватска)
Тој е најсреќниот или можеби најнесреќниот човек на планетата. Преживеал две сообраќајни несреќи со кола, сообраќајка во автобус, излетување на воз од шините и отворање на авионска врата додека авионот бил во воздух. Потоа во 2003 освоил милион долари на лотарија.
Ерик Нори (САД)
Го гризнала ајкула, го удрил гром, па го гризнала ѕвечарка. И секако, сѐ преживеал.
Влад Казаку (Романија)
Додека ја изведувал точката голтање оган, подригнал, поради што во стомакот дошло до експлозија. Гледачите мислеле дека е дел од точката, па не му пружиле помош на сиротиот човек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.