| четврток, 6 декември 2018 |

Вујовиќ во свој стил: Проблемот кај Хрватите е што мислат дека секогаш се подобри од соседите

veselin vujovic

Веселин Вујовиќ при слетувањето на аеродромот во Загреб од Франција, пред враќањето во Словенија, како одговор на прашање на хрватските новинари истакна дека доколку се поклопат коцките би можел во иднина да седне на клупата на оваа селекција. Сепак, по враќањето назад во Љубљана словенечкиот селектор ја „смени плочата“, па јавно ги критикуваше Хрватите поради нивниот пристап.

– Хрватите во спортот се многу препотентни, убедени се дека се подобри од соседите, ова особено се однесува на Словенците, кон кои не се гледа со доволна почит. Токму затоа оваа победа беше толку слатка. Знам дека хрватските фанови сакаа јас да бидам селектор, но таа одлука ја донесуваат некои други луѓе, а не навивачите. Тоа и не е толку важно, бидејќи јас се чувствувам како „Јанез“ и воопшто не размислувам за заминување од Словенија – истакна селекторо Вујовиќ.

Раководството на Хрватската Ракометна Федерација за денеска закажа состанок на кој се очекува отказ да добие селекторот Жељко Бабиќ, посочен како главен виновник што „коцкестите“ останаа без медал на овој мундијал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top