Почна постапката за добивање географска ознака, односно брендирање на охридската цреша. Доколку нема забелешки на објавениот елаборат, ова ќе биде првиот македонски земјоделски производ со заштитена ознака според новиот национален закон.
Земјоделската задруга „Охридска церешна“ поднесе елаборат за добивање географска ознака на сортата охридска цреша. Ова е прва постапка според новиот Закон за заштита на македонските национални земјоделски производи.
Доколку нема забелешки на елаборатот охридската цреша ќе ја добие ознаката што практично ќе значи брендирање на оваа сорта.
Според правилата, таа мора да има еднаков квалитет во однос на големината и на бојата, да биде одгледувана со еднакви агротехнички мерки, пакувањето да е во гајби на кои мора да стои името и презимето на производителот, локацијата на производство, тежината и датумот на пакувањето и да го има националниот знак за заштитена георафска ознака.
Досега има 20 земјоделци кои годишно произведуваат скоро 3,5 тони охридска цреша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст