Премиерката на Велика Британија Тереза Меј лично настојувала кралицата Елизабета Втора да испрати официјална покана до претседателот на САД Доналд Трамп за државна посета во земјата практично веднаш по неговото стапување на должност, пишува денеска лондонскиот весник „Тајмс“.
Избрзувајќи со поканата, премиерката ја ставила кралицата во крајно тешка положба, забележува весникот.
– Би било многу попаметно Меј да почекаше за да види како каков претседател ќе се покаже Трамп, пред да инсистира кралицата да го покани. Сега нејзиното величество е поставена во крајно тешка позиција, тврди за „Тајмс“ познатиот британски дипломат сер Питер Рикетс – кој ја смета поканата за избрзана.
Рикетс наведе дека поради активностите на Владата кралицата е вовлечена во политички несогласувања, со што се нарушуваат постојните обичаи.
Дипломатот оценува дека Меј во најкус можен рок треба да најде излез од ситуацијата што ја загрозува честа на кралското семејство.
„Тајмс“ забележува дека поканата за Трамп за државна посета на Обединетото Кралство во првата година од неговиот мандат е невидена, наведувајќи примери од последните 40 години со кои ниту еден претседател на САД не добил покана за државна посета во Велика Британија за пократок период од една година од стапувањето на должност во Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст